четврток, 6 март 2025

Тесла имал посебна филозофија на исхрана, тврдел дека ја подобрува работата на мозокот

Никола Тесла, еден од најпознатите пронаоѓачи и визионери на 20 век, бил познат по својата аскетска исхрана, која главно се базирала на растителна храна.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Според некои извори, Тесла практикувал вегетаријанство во поголемиот дел од својот живот, верувајќи дека таквата исхрана ја зголемува неговата енергија и го подобрува менталниот фокус.

Тесла ја сподели својата филозофија за исхраната во едно интервју, нагласувајќи ја важноста од изборот на храната што ја внесуваме во нашите тела.

„Храната е можеби најважниот фактор што влијае на нашата способност да размислуваме и да бидеме креативни“, изјави Тесла.

Иако Тесла бил познат по својата скромност и едноставност во исхраната, тој не се плашел од експериментирање.

Некои извори наведуваат дека Тесла практикувал кратки периоди на постење, верувајќи дека го чисти телото и умот од токсини, подобрувајќи ја менталната јасност.

Деталите за неговата исхрана често се тајни и контроверзни, но многу истражувачи се согласуваат дека скромната исхрана на Тесла базирана на растенија одиграла клучна улога во одржувањето на неговата виталност и ментална острина.

Кога станува збор за дневниот распоред на оброци, Тесла имал необични навики.

За појадок, тој обично пиел една до две шолји топло млеко и јадел неколку јајца. Често не јадел ништо за ручек и се држел до два главни оброци дневно: појадок и вечера.

За вечера јадел зеленчук и супа, а за ужина парче сирење и јаболко.

Спротивно на вообичаените препораки дека на луѓето им требаат осум часа сон дневно, Тесла ретко спиел и тврдел дека недостатокот на сон не му пречи.

Неговите практики за спиење се невообичаени, а лекарите генерално му предлагале повеќе сон за да го одржи здравјето. Сепак, Тесла тврдел дека само неколку часа сон му се доволни за да се чувствува потполно енергичен.

Никола Тесла бил познат по својот аскетизам и контрола, а неговата исхрана и навиките за спиење биле дел од неговата посебна животна филозофија. Овие навики, колку и да се неконвенционални, придонесоа за неговата неверојатна креативност и способност да дојде до идеи кои го променија светот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ