сабота, 27 јули 2024

Тешко повредени две лица по сообраќајка во Неготино

Двајца млади од неготинско Тремник синоќа се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Објавено на

часот

Сподели

Во 23.30 часот во Полициската станица – Неготино било пријавено дека во селото се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл управуван од М.Ш., на возраст од 21 година и мотоцикл хамачи со неготински регистарски ознаки, управуван од 19-годишното лице со иницијали А.Ш., двајцата од Тремник. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата моторциклисти, констатирани во ЈЗУ – Неготино, појаснуваат оттаму.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР – Неготино.

Рано изутринава пак, во два часот, полициски службеници од Полициската станица – Кавадарци, го лишиле од слобода Д.Ј., на возраст од 36 години од овој град, бидејќи откако бил сопрен со неговото патничко возило „БМВ“ со кавадаречки регистарски ознаки, агресивно се однесувал и ги омаловажувал полициските службеници.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ