сабота, 27 јули 2024

Тешко повредена жена во верижен судир кај Косоврасти

Попладнево кај селото Долно Косоврасти, на патниот правец Дебар-Маврово, се случил верижен судир на три возила во кој потешко е повредена една жена.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

„Сообраќајната несреќа се случила во 14.45 часот кога дошло до судир на две патнички и едно комби возило. Во несреќата повредена е жена од Гостивар, на возраст од 50 години, која управувала со патничко моторно возило форд. Други повредени лица нема“, изјавија за МИА од дебарската полиција.

Според Јетлумт Пашоли, директор на дебарската Општа болница со проширена дејност, повредената била згрижена во оваа установа, по што била препратена за понатамошен третман во Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ – Охрид.

Извршен е увид од страна на екипа на полициската станица за безбедност во сообраќајот при ОВР Дебар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ