недела, 20 октомври 2024

Тешко повреден рудар

Рудар од Пробиштип добил со тешки телесни повреди при извршување работни задачи во рудник во пробиштипско, за настанот бил известен јавен обвинител, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Објавено на

часот

Сподели

На 20 август во 20:40 часот во полициската станица Пробиштип, од Итната медицинска помош Пробиштип било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Д.Н. (28) од село Добрево, пробиштипско. Според пријавеното, тој добил повреди при извршување работни задачи во рудник во пробиштипско, стои во дневниот Билетен на МВР.

Дополнуваат дека увид извршиле полициски службеници од ОВР Пробиштип и за настанот бил известен јавен обвинител.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ