„Синоќа во 20:20 часот во ОВР – Кавадарци, од кавадаречката болница било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен С.И. од Кавадарци. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во фирма во Кавадарци. Увид бил извршен и за настанот бил известен трудов инспектор“, соопштија од СВР – Велес.
Раководителот на Итната медицинска помош – Кавадарци, Антоан Паракеов, за МИА појасни дека повредениот бил земен од компанијата со возило на Брза помош и пренесен во кавадаречката болница. Имал тешки повреди на главата и по укажаната прва медицинска помош и востановени дијагнози, бил соодветно транспортиран до скопската Клиника за неврохирургија.