четврток, 26 декември 2024

Тешко повреден работник откако работна машина излета од патот

Тешко повреден е 42-годишник од струшкото село Велешта, откако работната машина која ја управувал, излетала од патот, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.

Објавено на

часот

Сподели

Во ОВР Струга вчера било пријавено дека околу 16 часот на регионалниот пат Струга – Дебар, во село Враништа, работна машина со струшки регистарски ознаки, управувана од Б.Н. од село Велешта, струшко, излетала од патот. Во несреќата, Б.Н. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид, појаснуваат од МВР.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Струга.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ