сабота, 27 јули 2024

Тешко повреден патник откако возило излетало од автопатот Неготино – Демир Капија

Изутринава во 5:20 часот било пријавено дека на автопатот Неготино – Демир Капија, патничко возило рено со српски национални ознаки, управувано од А.Ц., на возраст од 47 години од Србија, излетало од патот.

Објавено на

часот

Сподели

Еден патник се здобил со тешки телесни повреди откако српско возило излетало од автопатот Неготино – Демир Капија, информираат попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес.

„Изутринава во 5:20 часот било пријавено дека на автопатот Неготино – Демир Капија, патничко возило„рено со српски национални ознаки, управувано од А.Ц., на возраст од 47 години од Република Србија, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 68-годишниот сопатник Х.Л.В., додека возачот и сопатниците А.В., на возраст од 43 години и В.Л., на 54-годишна возраст од Република Србија, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Здравствен дом – Неготино“, појаснуваат од СВР – Велес.

За настанот бил известен јавен обвинител. Увид на местото извршила екипа од ОВР Неготино.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ