Несреќата се случила вчера околу 12.30 часот додека работникот И.Н. (24) работел на куќа на улицата Бајрам Шабани во Куманово.
Од засега непознати причини И.Н. паднал од катот на куќата. Неговите колеги повикале брза помош, по што поради сериозноста на повредите е пренесен во Ургентниот центар во Скопје.
Докторите ја известиле полицијата за несреќата, по што е направен увид на местото.