сабота, 21 декември 2024

Тешко повреден Австриец кој паднал од балкон во Охрид

Австриец паднал од балкон од хотелот во Охрид во кој бил сместен и е тешко повреден, соопшти полицијата.

Објавено на

часот

Сподели

Вчера во охридската полиција било пријавено дека од балкон во хотел во Охрид паднал гостин на хотелот. Се работи за лицето M.K. (49) од Австрија, кој бил во друштво со С.Ф.В. (40) од Бразил. Тој бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, каде му била констатирана тешка телесна повреда.

За настанот е запознаен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ