недела, 20 октомври 2024

Tешки сообраќајки во Гостивар, Куманово, С. Николе, Ресен…

Вчера во Македонија се случиче неколку тешки сообраќајни несреќи во кои имало тешко повредени лица, а најмногу мотоциклисти.

Објавено на

часот

Сподели

На регионалниот пат Гостивар – село Градец, во близина на село Добри Дол, гостиварско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од С.Џ. (19) од село Калиште, гостиварско и патничко возило „фолксваген туран“ исто така со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Б.А. (40) од село Топлица, гостиварско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи,

На локалниот пат од браната „Липково“ кон центарот на селото Липково, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со косовски национални ознаки, управувано од Б.Б. (47) од Косово и мотоцикл „хонда“ без регистарски ознаки, управуван од Ш.Б. (32) од село Матејче, општина Липково. Во несреќата тешки телесни повреди добил мотоциклистот.

Д.Т. (56) од село Буковљане, Општина Старо Нагоричане бил тешко повреден откако вчера со неговиот морот „томос“ имал сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе со патничко возило „тојота“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.Д. (50) од село Проевце.

Во атарот на село Свињишта, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „триумф“ со ресенски регистарски ознаки, управуван од А.А. (48) од Ресен и патничко возило „хјундаи“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.Т.(49) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди завршил мотоциклистот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ