сабота, 27 јули 2024
Натпреварот е прекинат и нема да се доигра денеска

Тешки сцени, капитенот на Лутон колабираше на терен

На мечот меѓу Борнмут и Лутон колабираше капитенот на гостите, Том Локјер кој падна на теренот без никаков контакт со друг играч.
 

Објавено на

часот

Сподели

Мечот е прекинат и нема денеска да се доигра, фудбалерите и навивачите се држеа за глава, а лекарската екипа се обидуваше да го реанимира.

Последните информации се позитивни, Том Локјер е свесен. Тоа е потврда од лекaрот на Борнмут.

Ова не му е првпат на Локјер. Тој колабираше и на плејоф дуелот меѓу Лутон и Ковентри на Вембли. Тогаш му беше извршена операција по што доби зелено светло да се врати на теренот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ