Мечот е прекинат и нема денеска да се доигра, фудбалерите и навивачите се држеа за глава, а лекарската екипа се обидуваше да го реанимира.
Последните информации се позитивни, Том Локјер е свесен. Тоа е потврда од лекaрот на Борнмут.
Ова не му е првпат на Локјер. Тој колабираше и на плејоф дуелот меѓу Лутон и Ковентри на Вембли. Тогаш му беше извршена операција по што доби зелено светло да се врати на теренот.