Со беспарица и во тешка агонија, Вардар се прикажа во извонредно светло во Кавадарци, одигра на високо ниво од прва до последна минута, со 3-0 ја доби пресметката против Скопје во баражот и се врати во Прва лига.
Избраниците на Бобан Грнчаров поведоа уште на стартот, Дарко Размоски веќе во 3. минута погоди за 0-1.
На стартот од вториот дел, истиот фудбалер доби топка на подалечната статива и рутински реализираше за 0-2.
Дилемите беа решени по еден час игра кога Глишиќ итро биеше од слободен удар и ги постави конечните 0-3.