По пауза од една година, Вардар се враќа во Европа, но сега наместо во елитата, ќе настапува во второто по ранг натпреварување.
„Црвено-црните“ сепак немаа среќа во ждрепката за квалификациите во Европската лига, за противник го добија бундеслигашот Рајн Некар, еден од најнепосакуваните ривали.
Првиот меч ќе се одигра во Скопје (26/27 август), додека пак реваншот е закажан седум дена подоцна на теренот на противникот.
Победникот ќе се најде во групната фаза, каде што сигурно место има за македонскиот вицешампион Алкалоид.