Во несреќата учествувале две патнички возила: фолксваген бора со кичевски регистарски ознаки, управувано од Х.И. (39) од село Стрелци, кичевско, и фолксваген пасат со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Д. (72) од Скопје.
Како резултат на судирот, со тешки телесни повреди се здобиле сопатникот во фолксваген бора – Ф.И., возачот на фолксваген пасат – И.Д., и неговата сопатничка В.Д. Телесни повреди, пак, се констатирани кај возачот на фолксваген бора – Х.И. и другите сопатници И.Л. и Л.И.
Повредените биле пренесени во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, каде што им била укажана медицинска помош.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Охрид, а истрагата за утврдување на причините за несреќата е во тек.