Во несреќата учествувале патничко возило фолксваген голф со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Љ. (47) од Скопје, и патничко возило сеат леон со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Ф. (62) од село Радуша, Скопско.
Возачот на фолксваген голф, А.Љ., се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Со телесни повреди се здобиле возачот на сеат леон, Е.Ф., како и неговите две сопатнички, Ф.Ф. (55) и А.Ф. (27), и двете од село Радуша. Повредите на овие лица биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
На местото на несреќата бил извршен увид од увидна екипа на Секторот за внатрешни работи Скопје. Причините за несреќата се утврдуваат.