среда, 16 октомври 2024
Полицијата е на терен, а едната сообраќајна лента од „Мавровка“ до Влада е затворена

Тешка сообраќајка вечерва во Скопје, автомобил се преврте на покрив, четворица се повредени (ФОТО)

Тешка сообраќајка вечерва се случи во Скопје, пред мостот Гоце Делчев. Автомобил се преврте нa покрив во близина на автобуска постројка, откако се судри со друг автомобил, а повредени се четири лица. На местото на несреќата има полиција, возило на Итна медицинска помош и едната сообраќајна лента од „Мавровка“ до Влада е затворена.

Фото: МКД

Објавено на

часот

Сподели

„На 15 октомври околу 20.55 часот е пријавено дека на бул Гоце Делчев на кракот со ул. Лазар Личеновски во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило шкода со скопски регистарски таблички и патничко возило БМВ со скопски регистарски таблички“, велат од МВР.

Возилото шкода се превртело и се запалило, а четири лица се пренесени во Клинички Центар Мајка Тереза за укажување на помош.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ