недела, 20 октомври 2024

Загина 17-годишно момче во судир на автомобили и автобус на ЈСП

17-годишно момче вчера загина во тешката сообраќајна несреќа што се случи во близина на скопското село Блаце во судир на два автомобили и автобус на ЈСП. Возачот на еден автомобил избегал од местото на несреќата.

Објавено на

часот

Сподели

Несреќата се случила на крстосницата на патот Шуто Оризари – Горно Оризари со сервисна улица која го поврзува патот со ул.Александар Урдаревски. Како што информираат од МВР, се судриле автобус на ЈСП, управуван од Г.М.(51) од Скопје, автомобил форд галакси управуван од 17 – годишник од село Блаце, скопско и автомобил фолксваген голф. Возачот на голфот го напуштил местото на несреќата.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на фордот и неговиот 13-годишен брат. Седумнаесетгодишниот возач починал во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ – Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ