сабота, 19 октомври 2024

Тешка сообраќајка кај Штип, загина 25-годишник од Карбинци

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова информира дека несреќата се случила синоќа околу 21 часот помеѓу штипските села Таринци и Нов Караорман.

Сообраќајната незгода се случила помеѓу автомобил „ауди А5“ со штипски регистарски таблици управувано од К.Т. и патничко возило „хјундаи акцент” со штипски регистарски таблици управувано од 43-годишниот  Д.М. од Стар Караорман.

Во несреќата на место починал К.Т. , а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, додека Д.М. добил со телесни повреди констатирани во Клиничката болница – Штип.

Увид на местото на несреќата извршиле увидна екипа на СВР – Штип и јавен обвинител. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ