среда, 19 март 2025

Терзиќ: Натпреварот против Вардар е најмалку што може да направиме за братска Македонија

Вардар и Црвена звезда договорија пријателски натпревар кој ќе се одигра на 16 април на „Националната арена“, собраните средства ќе бидат за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани.

Објавено на

часот

Сподели

Директорот на Црвена звезда, Звездан Терзиќ го потврди пријателскиот натпревар.

„Сите во Црвена Звезда длабоко ги потресе трагедијата во Кочани. Веднаш стапивме во контакт со нашите легенди, Дарко Панчев и Илија Најдоски и со нивна помош разговаравме со раководството на Вардар. Се договоривме на 16 април да гостуваме во Скопје и да одиграме хуманитарен натпревар. Ситеп приходи од натпреварот ќе одат за семејствата на настраданите во страшната несреќа. Тоа е најмалку што Црвена Звезда во овој тежок момент може да ја направи за својата братска Македонија“, изјави Терзиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ