Јерликаја во објава на социјалните мрежи рече дека терористичкиот напад бил извршен во комплексот на компанијата ТАИ во областа Кахраманказан во Анкара.
„За жал, имаме загинати и повредени во нападот. На загинатите им посакуваме Божја милост, а на ранетите брзо закрепнување. Јавноста ќе биде информирана за ситуацијата. Важно е да се земаат предвид информациите што доаѓаат од официјалните извори“, изјави Јерликаја.
На првите снимки што ги прикажа турската телевизија НТВ се гледа голем облак од чад пред влезот на фабриката за авиони, која се наоѓа на околу 40 километри надвор од главниот град.
OLAY YERİNDEN GÖRÜNTÜLER
TUSAŞ’a alçak terör saldırısı pic.twitter.com/inLKYQavRX
— NTV (@ntv) October 23, 2024
На Икс е објавена и снимка од пукањето на местото на нападот.
Additional Footage of Gunfire heard coming from the Site of the Headquarters of the Turkish Aerospace Industries in Ankara, Turkey. pic.twitter.com/hN2y3nXlq4
— OSINTdefender (@sentdefender) October 23, 2024
Приватната турска телевизија НТВ наведе дека групата напаѓачи пристигнале во комплексот со такси во моментот кога се менувала безбедносната смена. Најмалку еден напаѓач, наводно, ја активирал бомбата, додека други упаднале во комплексот.
CCTV Footage showing the beginning of the Terrorist Attack on the Headquarters of the Turkish Aerospace Industries in Ankara, with at least Two Gunmen and several Victims. pic.twitter.com/b8OvCKGsta
— OSINTdefender (@sentdefender) October 23, 2024
The Terrorists in Ankara are seen armed with Rifles, possible Automatic, as well as Backpacks likely filled with additional Explosives. pic.twitter.com/vLTbE1PQuq
— OSINTdefender (@sentdefender) October 23, 2024
НТВ додаде дека пукањето продолжува на таа локација и дека некои од вработените во комплексот можеби биле земени како заложници.
More Footage showing the Terrorists who carried out today’s Bombing and Shooting Attack on the Headquarters of the Turkish Aerospace Industries in Ankara, Turkey. pic.twitter.com/aGwXsdf1XG
— OSINTdefender (@sentdefender) October 23, 2024
Четири лица загинаа во нападот врз седиштето на турската државна воздухопловна компанија, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, и додаде дека 14-мина се ранети.
„Најостро го осудувам терористичкиот напад во Анкара“, рече Ердоган.
Турските медиуми јавија дека двајца од терористите се неутрализирани, додека еден наводно е заложник во зградата на компанијата.
More Footage showing the Terrorists who carried out today’s Bombing and Shooting Attack on the Headquarters of the Turkish Aerospace Industries in Ankara, Turkey. pic.twitter.com/aGwXsdf1XG
— OSINTdefender (@sentdefender) October 23, 2024
Турска воздухопловна индустрија (ТАИ) е државна компанија за вооружување и воздухопловна технологија со седиште во близина на главниот град Анкара.
Компанијата произведува воени и цивилни авиони и хеликоптери, како и системи за беспилотни летала за турските вооружени сили и за други низ светот.
Според информациите на нејзината веб-страница, ТАИ е основана за да ја намали зависноста на Турција од увозот на воздушна технологија за воени цели.
ТАИ е компанија назначена од оваа членка на НАТО како лиценциран производител на американските борбени авиони Ф-16. Исто така, ТАИ игра улога во модернизацијата на постарите авиони за потребите на турската војска.
Двата главни сопственици на компанијата се турските вооружени сили и цивилната агенција на турската влада задолжена за подобрување на одбранбените способности и управување со воените набавки.