сабота, 27 јули 2024

Терористички напад на автопат кај Ерусалим (ВИДЕО)

Едно лице загина, а осум се ранети утрово во терористички напад на автопат во предградието на Ерусалим, соопштија израелските власти.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Полицијата соопшти дека тројца Палестинци го извршиле нападот во близина на контролен пункт меѓу Ерусалим и Мал Адумим.

Според извештаите, тие отвориле оган со „автоматско оружје“ врз Израелците кои чекале во сообраќајниот метеж додека се движеле кон Ерусалим, неколку стотини метри пред контролниот пункт.

Безбедносните сили „неутрализирале“ двајца напаѓачи на местото на настанот и уште еден „кој се обидел да побегне“, пишува Тајмс оф Израел.

Една од жртвите на престрелката почина, а во нападот се ранети уште осум лица, од кои двајца се во тешка состојба, изјави директорот на здравствената служба.

Според претседателот на локалните власти кој го коментираше нападот, автопатот кај Мал Адумим е познат по постојаните утрински сообраќајни метежи, кој, како што рече, е „погоден за планирани напади врз Израелците кои случајно ќе се најдат таму“, пишува Ерусалим пост.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ