сабота, 27 јули 2024

Терорист од Москва: Саифуло рече дека во Киев нѐ чекаат по милион рубли (ВИДЕО)

Човек по име Саифуло ги контактирал и им ветил по 10.984 долари за секого, рече еден од обвинетите.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Еден од обвинетите за учество во терористичкиот напад на концертната сала Крокус сити хол во предградие на Москва го именуваше координаторот на целата операција, објави руската државна новинска агенција Тасс.

Според обвинетиот, со нив контактирал човек по име Саифуло и на секого од нив му ветил по милион рубли (околу 10.000 евра). На рускиот Прв канал беше прикажано видео од испрашувањето на терористот од страна на припадници на Федералната служба за безбедност (ФСБ).

„Саифуло ни рече да одиме во Украина, во Киев. И дека таму ќе ни даде еден милион рубли“, рекол еден од обвинетите за време на сослушувањето. Други обвинети зборувале за наводна помош што им била ветена при преминувањето на украинската граница.

„Саифуло рече дека на украинската граница ќе нѐ чекаат момци, кои ќе ни помогнат да ја поминеме границата и да стигнеме до Киев. Ни рече: ‘Јавете ми се, па ќе ви кажам што да правите’“, сведочел обвинетиот.

Според последните податоци, во терористичкиот напад загинале 144 лица, а 551 се повредени.

За учество во терористичкиот напад уапсени се 11 лица, меѓу кои и четворицата директни извршители. Рускиот истражен комитет соопшти дека истражителите пронашле докази што ги поврзуваат сторителите со украинските националисти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ