сабота, 27 јули 2024
Ла Лига

Тер Штеген се избламира и подари гол, па Левандовски со хет-трик ја спасуваше Барса (ВИДЕО)

Во последниот натпревар од 33. коло во Ла Лига, Барселона на „Монжуик“ ја доби пресметката против Валенсија.

Објавено на

часот

Сподели

Домаќините поведоа со голот на Фермин Лопез, но само пет минути подоцна, Тер Штеген се избламира при еден обид да си поигра со противникот, па Дуро изедначи на 1-1.

Валенсија успеа и да поведе, Пепелу во 38. минута од пенал донесе 1-2, но во последните мигови од првиот дел, голманот Мамардашвили заработи црвен картон и драстично им ја отежна задачата на гостите.

Роберт Левандовски на стартот од вториот дел изедначи на 2-2, потоа во 82. минута повторно со глава ја затресе противничката мрежа за 3-2, за во судиското надополнување убаво да погоди од слободен удар за хет-трик и конечни 4-2.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ