сабота, 27 јули 2024

Тепачка, па пукање на забава во Тексас: двајца мртви, петмина повредени

Објавено на

часот

Сподели

Престрелката почнала за време на забава нешто пред еден час по полноќ во неделата, се наведува во соопштението на полицијата на Амарило.

Полицијата во соопштението наведува дека „меѓу некои од присутните настанала тепачка, а при тепачката некој почнал да пука“.

Едниот маж починал на лице место, додека другиот починал во блиската болница, соопшти полицијата.

Полицијата во Амарило ги идентификуваше починатите како Семејџ Д. Смит (32) и Декинстон Т. Тејлор (28).

Другите пет жртви имаат „разни повреди, но се очекува да закрепнат“, соопшти полицијата.

Никој не е уапсен, а единицата за убиства на полицијата во Амарило го истражува инцидентот, се вели во соопштението.

Амарило се наоѓа во северниот дел на Тексас, околу 460 километри источно од Албукерки. Градот има околу 200.000 жители.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ