сабота, 21 декември 2024
Беше и останува најмлад дебитант во репрезентацијата на Англија

Тео Волкот на 34 години оди во пензија: Сакам да пробам нови работи кои никогаш не ги искусив како дете

Објавено на

часот

Сподели

Тео Волкот важеше за еден од најголемите таленти во својата генерација, беше и останува најмалдиот дебитант во дресот на Англија со само 17 години, но поради честите повреди никогаш не стана голема фудбалска ѕвезда.

Изминативе две години настапуваше во матичниот Саутемптон, а откако „светците“ испаднаа од Премиерлигата, напаѓачот реши да стави крај на кариерата на 34 години.

„Официјално ги закачувам копачките на клин. Малку ми е страв, нема да лажам“ – вели Тео Волкот.

„Страшно е бидејќи фудбалот е се што знам од мојата 16-та години, можеби и порано.  Сакам да пробам нови работи, работи кои не ги искусив како дете… пропуштив многу поради фудбалот. Едноставно сакам да го живеам животот, вообичано се се вртеше околу фудбалот за мене“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ