Главната драма се случуваше од 31. до 35. минута кога главниот судија Александар Грујоски од Кичево досуди непостоечки пенал за Гостивар кој го реализираа за 2-0.
Незадоволен од одлуката во теренот се симна и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Мечот неколку минути беше во прекин.
Тиквеш се врати со гол на Спахиу, а во 91. минута Ивановски погоди за 2-2 и покрај тоа што претходно двајца играчи на домаќините беа исклучени од игра.