петок, 18 октомври 2024

Тенисерот кој го елиминираше Ѓоковиќ, загуби во наредното коло

Алексеи Попирин направи сензација на УС Опен елиминирајќи го Новак Ѓоковиќ, но веднаш потоа и тој го заврши настапот на грен-слем турнирот откако загуби од Франсес Тиафо со 3-1 во сетови.

Објавено на

часот

Сподели

Австралискиот тенисер не успеа да го повтори изданието од мечот против Ѓоковиќ, па го заврши настапот на УС Опен.

Тиафо подобро го почна мечот, ги доби првите два сета со 5-4 и 7-6 и поведе со 2-0 во сетови.

Третиот сет убедливо го зема Попирин со 6-2 и најави враќање во мечот, но Американецот повторно го крена нивото на игра, го доби сетот со 6-3 и ја завери победата од 3-1.

Тиафо во четвртфиналето ќе игра против Григор Димитров кој вчера во голема борба го победи Андреј Рубљов со 3-2.

Доцна во ноќта победа од 3-1 оствари и Александер Зверев кој беше подобар од Накашима. Германскиот тенисер победи со 3-6, 6-1, 6-2 и 6-2.

Зверев во четвртфиналето ќе игра против Фриц кој го изенанди Каспер Руд победувајќи го со 3-1.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ