петок, 18 октомври 2024

Тен Хаг: Прашање на време е кога ќе почнеме да го покажуваме нашето вистинско лице

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг верува дека наскоро неговиот тим ќе почне да игра како што тој посакува.
 

Објавено на

часот

Сподели

Манчестер јунајтед се мачи оваа сезона, на црвените ѓаволи не им оди, па дури и се пишува за можен отказ на Холанѓанецот доколку резултатите не се подобрат.

Сепак тој верува дека подобрите денови ќе дојдат наскоро.

„Верувам дека само прашање на време е кога ќе почнеме да го покажуваме нашето вистинско светло. Ќе дојде тоа, сигурен сум“, вели Тен Хаг.

„Во Манчестер јунајтед секој натпревар е многу важен. Секој еден ден има притисок врз сите кои се инволвирани во овој клуб. Но, наскоро ќе бидеме на нашето најдобро ниво. Сигурен сум“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ