сабота, 27 јули 2024

Тен Хаг по ремито со Галатасарај: Се движиме во вистинска насока

Објавено на

часот

Сподели

Манчестер јунајтед игра променливо оваа сезона, дел од навивачите и понатаму се незадоволни, иако тимот врза серија победи во Премиерлигата. Тен Хаг е оптимист и смета дека работите ќе си дојдат на свое.

„Јас сум одговорен за ова. Ова е проект. Одиме напред и имаме подобрување што е многу надежно“, вели Тен Хаг.

„Се движиме во вистинска насока, па знам каде треба да одиме и кои чекори треба да ги преземеме за да бидеме успешни на долг рок“.

„Продолжувам да мислам дека овој тим е добар. Сите играчи во тимот се добри и заслужуваат да играат во Манчестер јунајтед бидејќи тоа се фантастични играчи. Тоа се однесува на целиот состав“.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ