сабота, 27 јули 2024
Ќе има големи промени во Манчестер јунајтед

Тен Хаг ќе прави чистка на Олд Трафорд, можат да си заминат дури 17 играчи

Објавено на

часот

Сподели

„Ѓаволите“ имаат падови и подеми оваа сезона а елиминацијата од Севиља во Лига Европа ги врати шпекулациите за големи промени на Олд Трафорд по крајот на сезоната.

Гласините од „островото“ велат дека од Манчестер јунајтед можат да си заминат дури 17 фудбалери.

На излезна врата се Хари Мегваер, Виктор Линделоф, Скот Мектоминеј, Фред, Дони ван де Бек, Антони Марсијал и Арон ван Бисака.

Под знак прашалник е и иднината на Давид Де Хеа, неговите голмански способности се неспорни, но проблем е неговата дистрибуција на топката со нога и започнување на акциите. „Ѓаволите“ би можеле да се ослободат од уште еден голман, односно Дин Хендерсон кој во моментов е на позајмица во Нотингем Форест.

Ерик Баји, Алеш Телеш, Аксел Туанзебе и Фил Џонс исто така немаат иднина во клубот.

Антони Еланга и Брендон Вилијамс можат да бидат испратени на позајмица со цел да имаат поголема минутажа, а ќе се решава и ситуацијата на Марсел Сабицер и Вут Вегхорст, првиот импресионира со добрите игри, додека пак вториот често добива критики.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ