сабота, 27 јули 2024
„Време е МОК да добие претседател кој е спортист, а не политичар“

Темелковски: Претседателот на МОК се однесува како севернокорејски политичар

Објавено на

часот

Сподели

Дисциплинската комисија на МОК му врачи четиригодишна суспензија на Борко Ристовски поради навреди и клевети кон претседателот Даниел Димевски. Оваа одлука предизвика бура од реакции кај поранешните и сегашни спортисти.

Еден од оние кои ги кренаа гласот е и Зоре Темелковски кој смета дека Димевски недоразбирањата со Борко треба да си ги решава на суд, а не да ја злоупотребува функцијата за да суспендира македонски спортски легенди.

„Борко е македонска ракометна легенда, можеме да го сакаме или не, но тој е наша спортска икона. Секој кој прифатил да извршува јавна функција, треба да биде свесен дека ќе биде изложен на критика, основана или не, секој има право на свое мислење и ставови. За јавно изговорените неосновани навреди, лаги и клевети, постојат судови. Фунцијата претседател на МОК не смее да се злоупотребува за лични пресметки со врвните спортисти. Претседателот наместо да биде промотор на спортот и спортистите, тој удира по легендите кои ионака ги немаме многу. Претседателот на МОК кој никогаш не бил спортист, со помош на политички пријатели стигнал на позиција на моќ за да одлучува кој смее а кој не да се занимава со спорт, ова ми наликува на севернокорејски колега. Имам сомнеж дека се работи за подлабока позадина, како да сака да го фрли ракометот на колена и под целосна контрола на МОК. За да не ни се случуваат вакви нешта, време е МОК за првпат во самостојна Македонија да добие претседател кој ќе биде спортист, а не политичар“, вели Зоре Темелковски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ