сабота, 27 јули 2024

Темелков: Со Германците само остро и дрско

Објавено на

часот

Сподели

Темелков добро го познава нашиот следен противник

„Кога ќе ги погледнеш Германците, те фаќа страв, сите се огромни, како бекови, сите имаат над два метри. Силни се физички, но не се многу брзи. Тука ни е шансата. Мораме остро и дрско да играме против нив, во одбраната треба да ги држиме постојано на линијата од девет метри, зашто сите се добри шутери и лесно може да нè разбијат ако се доближат поблиску до голот“, вели Темелков.

Тој е претпазлив во прогнозите зашто знае дека Германците се како ранет лав, особено по поразот од Чешка во првото коло, и дека неуспехот со нас ќе значи крај на првенството за нив.

„Германија и така е незгодна, ама сега, кога имаат ситуација дека мора да победат – ќе бидат многу мотивирани. Ги гледав, се мобилизираа како за финале. Затоа ние мора сите колективно да изиграме како што треба, да играме наша игра, имаме наша публика, свесни сме колку е важно да триумфираме. Тоа ќе значи сигурен пат во вториот круг, нешто што сите го посакуваме“, рече десното крило на Македонија.

Димовски утре треба да биде џокерот од клупата

На вечерашниов тренинг избраниците на селекторот Звонко Шундовски увежбуваа разни варијанти во нападот, но играа и одбрана – резервите глумеа Германци што не смеат да се доближат до голот премногу. На паркетот беше и пикерот Ванчо Димовски, за кој сè уште не се знае дали ќе може да настапи утре. Последните најави се дека тој ќе биде во составот, но дека нема да може да издржи оптоварување поголемо од десет минути. Можеби толку ќе биде и доволно, со оглед на неговото искуство и креативност во нападот.

З.К.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ