недела, 4 мај 2025

Вардар и Црвена звезда одиграа хуманитарен меч за Кочани (ФОТО)

Денеска на Националната арена „Тодор Проески“ се одигра хуманитарен пријателски натпревар за настраданите од големата трагедија која се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Објавено на

часот

Сподели

Пред повеќе од 20.000 гледачи, екипите на Вардар и Црвена звезда одиграа пријателски меч, гостите од Белград победија со 3-1, но резултатот беше најмалку важен.

Најважно е што сите средства кои се собрани од продадените влезници ќе бидат донирани за настраданите од несреќата во Кочани.

Што се однесува до натпреварот, Вардар поведе со гол на Михаил Маневски кој погодокот му го посвети на починатиот фудбалер Андреј Лазаров.

До крајот на првото полувреме Црвена звезда го сврте мечот со голови на Лука Илиќ и Александар Катаи.

На полувремето продефилираа легенди на Вардар и Црвена звезда меѓу кои Кочо Димитровски, Ѓоре Јовановски, Илија Најдовски, Бошко Ѓуровски, Драган Канатларовски, Пижон…

Во 61. минута натпреварот застана, а гледачите со минута аплауз одадоа почит за жртвите во Кочани.

Црвена звезда даде уште еден гол во финишот од мечот, погоди Урош Сремчевиќ за конечна победа на црвено-белите од 3-1.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ