недела, 20 октомври 2024

Телото на мигрантката убиена со полициски пиштол по 3 месеци ќе биде испратено во Сиера Леоне за погреб

Објавено на

часот

Сподели

„Фатмата си оди дома. Нејзиното тело денеска ја напушти Северна Македонија. Таа наскоро ќе биде во Сиера Леоне со семејството, на нејзиното последно патување. Маријату и Бинтија, нејзината мајка и сестра, ни кажаа колкаво олеснување им приредило читањето на пораките на социјалните мрежи во кои се изразувало сочувство за смртта на Фатмата. Да знаеш дека не се сите луѓе во Европа како полицаецот што пукал во неа, дека има многу што се грижат за неа. Ќе ги собереме сите овие пораки и ќе ги дадеме на семејството, можеби ќе прочитаме некои од нив на погребот“, стои во објавата на организацијата.

Абу Бакар нема да биде на погребот. Тој одлучил да остане во Скопје и да се бори за правда за неговата  сопруга.

„Тој денеска и го даде последното збогум, откако помина низ емотивна и бирократска голгота. Репатријацијата на Фатмата по нејзината смрт беше неверојатно тежок, долг и скап процес. Видовме секакви работи, од едноставна бирократска неефикасност до отворена корупција.  Воедно, сакаме да им се заблагодариме на многуте добри луѓе кои ја понудија својата помош. Донаторот, кој побара да остане анонимен, кој го плати најголемиот дел од трошоците, сите оние кои помогнаа дури и со зборови на поддршка, оние кои ја завршија својата работа или повеќе од нивната работа, семејството на Фатмата да може да се збогува со неа. Збогум Фатмата, те сакавме многу, и секогаш ќе те сакаме“, стои во објавата на организацијата.

Мигрантката Фатмата во моментот на пукањето била со нејзиниот сопруг Абу Бакар, а беше убиена при турканица помеѓу шверцери на мигранти.

Истрагата трае, а главен осомничен е полицаецот, иако МВР првично соопшти дека криумчарот бил тој што пукал. 

Обвинителството сметаше поинаку и побара да му биде одземен пасошот на полицаецот кој е првоосомничен, но истрагата уште не е завршена. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ