сабота, 27 јули 2024

Телото на Алексеј Навални предадено на неговата мајка

Телото на Алексеј Навални е предадено на неговата мајка, потврди портпаролката на рускиот опозициски лидер.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролката на Навални, жесток противник на рускиот претседател Путин, кој почина во затвор минатата недела, изјави дека допрва треба да се утврди како ќе биде погребан.

Веста доаѓа откако на мајката на Навални претходно ѝ било кажано да се согласи на „таен“ погреб, во спротивно Навални ќе биде погребан во затворската колонија каде што починал.

Портпаролката на Навални во објава на социјалната мрежа Икс им се заблагодари на сите кои побарале да се врати телото на опозиционерот.

Засега не е познато кога ќе се одржи погребот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ