сабота, 18 мај 2024

Телевизиска кула висока 240 метри се преполови и падна во Харков по руски ракетен напад (ВИДЕО)

Телевизиска кула висока 240 метри во украинскиот град Харков се преполови и се урна по, како што тврдат локалните власти, руски ракетен напад на телевизиската инфраструктура.

Принтскрин: Икс

Објавено на

часот

Сподели

Телевизискиот сигнал е нарушен во вториот најголем украински град, кој во последните недели е мета на руски воздушни напади со проектили и дронови. „Во овој момент има прекини на дигиталниот телевизиски сигнал“, кажа регионалниот гувернер Олег Синегубов. Тој додаде дека немало жртви бидејќи работниците биле во скривници.

На снимка објавена на социјалните мрежи се гледа како кулата се прекршува и паѓа на земја.

На снимката не се гледа јасно што удрило во кулата, но локалните власти соопштија дека веројатно станува збор за руска крстосувачка ракета Кх-59.

Руските сили неодамна ги засилија своите напади, додека Украина речиси нема противвоздушна одбрана. Харков и околината се под најжестоки напади.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ