понеделник, 21 октомври 2024

Телеком да не се смета за компанија која е над законот, реагираат од скопскиот Апелациски суд

Апелацискиот суд Скопје ги отфрла како неоснованите обвинувањата од Телеком за евентуални неправилности или надворешни влијанија врз донесената пресуда од 4 јули 2024 година во која како тужена странка се јавува оваа компанија, пишува во денешната реакција на судот.

Објавено на

часот

Сподели

Од Апелацискиот суд објаснуваат дека фирмата што го тужи Телеком барала надомест на штета која произлегува од правосилно решение на Комисијата за заштита на конкуренцијата донесено на 5 декември 2012 година, потврдено со пресуда на Управниот и Вишиот управен суд, а со кое е утврдено дека Македонски телеком извршил злоупотреба на монополската позиција така што ја исфрлил фирмата тужител од пазарот и ѝ оневозможил да обавува дејност. Од судот уште прецизираат дека при постоење на правосилен основ за право на штета и вештачење изготвено по налог и барање на суд, првостепениот суд, по 16 години водење на постапка, ја одбил тужбата на фирмата кој го тужела Телеком.

Ваквата пресуда, второстепениот суд ја преиначи и делумно го уважи тужбеното барањена тужителот.

„Правото на надомест на штета која им следува на оштетените правни субјекти од ваков вид на злоупотреби, покрај тоа што е предвидено во нашето законодавство, а што е регулирано и со директива за штета на Европскиот парламент со која е утврдено дека секој кој е жртва на правото на конкуренција има право да добие целосна компензација за вистинската штета, за изгубената добивка и камата. Македонски телеком извршил злоупотреба на монополската позиција и спрема неколку други правни субјекти за милионски износи на штета којашто им ја нанел, им ја надоместил вонсудски, што не случај и со тужителот во оваа постапка. Му се укажува на Телеком да не се смета за компанија која е над законот и да не изнесува шпекулации и невистини против судии на Апелацискиот суд Скопје кои претставуваат класичен притисок врз Судскиот совет на РСМ, а правата од судските постапки да ги остваруваат пред судовите, во случајов пред Врховниот суд на Македонија, пред кој имаат право да изјават ревизија“, велат од Апелацискиот суд.

Оттаму уверуваат дека судот ќе продолжи со „својата непоколеблива посветеност на принципите на правдата и владење на правото и ќе ги штити овие вредности во секоја судска постапка, бидејќи сите се еднакви пред законот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ