петок, 21 март 2025

Телефонски разговараа Трамп и Зеленски

Американскиот претседател Доналд Трамп оцени дека се „на многу добар пат“ по „многу добриот“ телефонски разговор со украинскиот претседател Вполодимир Зеленски. „Тукушто го завршив многу добриот телефонски разговор со претседателот Володимир Зеленски од Украина“, објави тој.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Разговорот траел околу еден час, кажа американскиот претседател. „Голем дел од разговорот се однесуваше на вчерашниот разговор со претседателот (на Русија Владимир) Путин, за да се усогласат барањата и потребите на Русија и Украина“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут соушал.

„На многу добар пат сме“ додаде Трамп.

Тој кажа и дека ќе побара од државниот секретар Марко Рубио и својот советник за национална безбедност Мајк Волт „детално да опишат за што се зборувало“. „Таа изјава ќе биде наскоро објавена“, додаде Трамп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ