сабота, 19 октомври 2024

Тел Авив домаќин на фајнал-форот во Јадранската лига

Објавено на

часот

Сподели

„Гордоста на Израел“ е лидер во АБА-лигата со скор 15-1 и последен пат бил домаќин на еден фајнал-фор во 2004 година во Евролигата, кога и го освои најпрестижниот пехар со триумфот над Скипер Болоња со 118-74. Пред седум години во тимот беа Давид Блу и Тал Бурштајн, како и Дерик Шарп, кој сега е втор асистент на тренерот Дејвид Блат.

„Задоволни сме и горди што ќе бидеме домаќини на завршниот турнир од АБА-лигата. Знам дека на нашите навивачи ќе им биде мило што ќе го организираме овој настан и се надевам дека салата ќе биде полна двата дена“, изјави првиот човек нa Макаби, Шимон Мизрахи.

Како што сега стојат работите, најголеми шанси за пласман на фајналфор-турнирот покрај Макаби ТА, кој е неприкосновен досега во АБА-лигата со скор 15-1, имаат уште и хрватска Цедевита и белградски Партизан, додека за последното место конкурираат повеќе екипи.

Веќе се познати цените на билетите за средбите на турнирот во Тел Авив. Најевтиниот дводневен комплет ќе чини 50 евра, додека најскапиот ќе се продава по 180 евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ