недела, 20 октомври 2024

Техничката влада се „европеизира“ со фронтот на ДУИ на чело со Џафери

Денеска покрај преземањето на раководењето на Министертвото за одбрана од страна на интегративецот Тирон Јајага, досегашен земеник министер, поради изборот на Славјанка Петровска за пратеник, и од Министерството за земјоделство информираат дека раководењето го презема Вјолца Бериша, досегашна заменичка министерка. Иако изборите се завршени, а техничката влада имаше функција да се погрижи за нивно демократско спроведување, техничкиот премиер Талат Џафери не замина, а одбива да замине од министерската функција и Илир Демири, од Алијанса на Зијадин Села, како дел од Европскиот фронт на ДУИ.

Објавено на

часот

Сподели

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) денеска соопшти дека со верификацијата на пратеничкиот мандат на 28 мај на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заврши извршувањето на функцијата министер, а со министерствотодо избор на нов министер ќе раководи заменик министерката за земјоделство, шумарство и водостопанство Вјолца Бериша, информираат од министерстото.

„Во овој период, согласно овластувањето од 27.05.2024 година, заменик министерката за земјоделство, шумарство и водостопанство Вјолца Бериша, во целост може да ги извршува тековните активности за непречена работа на министерството, а веќе извршена е и измена и во Централниот регистар“, се појаснува во соопштението.

И од Министерството за транспорт и врски стигна соопштение дека ќе раководи Беким Реџепи. Со министерската функција се збогува Благој Бочварски кој е избран за пратеник.

Исто така денеска, како што објавивме, функцијата да раководи со одбраната ја презеде заменик министерот Тирон Јајага. Славјанка Петровска, која беше министерка, уште ден по парламентарните избори изјави дека се повлекува од функцијата поради тоа што со верификација на нејзиниот пратенички мандат е неспојливо да има функција и во извршната власт.

И техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски минатата недела со официјална изјава се повлече од МВР нагласувајќи дека со завршувањето на изборите заврши и неговата функција во владата. Назим Буши од ДУИ ја презеде првата функција во МВР:

Таков став дека со заклучокот на Државната изборна комисија дека парламентарните избори се завршени завршуваат и нивните функции во владата не изразија техничкиот премиер Талат Џафери и техничкиот министер Илир Демири иако и двајцата се избрани за пратеници и иако објацата не одбија нивниот мандат да биде ферификуван од соодветната парламентарна комисија во рамки на конститутивната седница на Собранието на Македонија.

Џафери на конститутивната седница најави дека ќе остане премиер до изборот на нова влада велејќи дека дотогаш нема да учествува во работата на парламентот, не наоѓајќи прекршување на законите за неспојливост на функциите.

Демири исто така изјави дека не се повлекува заради состојбите во Хирургија, нагласувајќи дека не може да замине додека не се разрешат и некои други состојби.

Барем засега, врз нив не влијаеше ниту предупредувањето од Антикорупциската комисија дека се кршат законите со вакво однесување на фунционерите од Европскиот фронт.

Засега нема јасен став ниту од новиот собраниски состав дали ќе се постапи поради овој случај на „лизгање“ крај законите. Не е дека и досега не се случувало тоа. Можеби новиот претседател на Собранието Африм Гаши предвид ги има случаите кога Емил Димитриев ја извршуваше функцијата технички премиер до изборот на нова Влада по изборите во 2016 година иако беше избран за пратеник. Имаше и случаи на министерување во исто време со верификуван пратенички мандат.

Како и да е, сега во Владата доминираат министри од ДУИ. Покрај „унапредените“ заменици министри, како и Џафери и Демири, останатите функионери не се избрани за пратеници.

И натаму технички министер за надворешни работи е Бујар Османи кој пред два дена беше во странство на неформалниот состанок на НАТО. Тој не е пратеник, беше кандидат за претседател на Македонија, но и тие избори, како и парламентарните избори се минато. Јетон Шаќири од ДУИ го раководи образованието. Наим Бајрами е на чело на Информатичко општество и администрација, Крешник Бектеши ја раководи економијата на државата, а Фатмир Бесими е и натаму технички министер за финансии. Вицепремиер и министер е и Артан Груби, висок функционер на ДУИ. Кренар Лога од Алијанса на Села како дел од фронтот на ДУИ, е на чело на Правда.

Нивните фејсбук-профили, барем по прашањето за учеството во владата, засега се празни, а пишуваат за други теми и настани.

П.Џ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ