сабота, 27 јули 2024

ТЕЦ „Неготино“ затворена, проблем со струја нема да има, велат надлежните

Објавено на

часот

Сподели

Стојановиќ за МИА изјави дека ремонтните активности ќе траат наредните 70 до 75 дена.
 
„Вкупниот конзум на потрошувачка на електрична енергија во целост ќе се надоместува од енергетските капацитети РЕК „Битола”, РЕК „Осломеј” и обновливите извори на енергија, коишто се расположливи од АД ЕСМ“, изјави Стојановиќ.
 
Тој нагласи дека ќе нема никаков проблем со електрична енергија. 
 
„Без застој, работевме во полн капацитет од почеток на декември месец, досега. Четири месеци без ниеден испад, без ниеден застој. Со тоа, срушивме рекорд од кога е направена електраната. Многу битно е исто така, од 2021 година, кога почна енергетската криза, досега, ТЕЦ „Неготино” во период од година и половина и повеќе, нема влезено во редовни ремонтни активности“, додаде Стојановиќ.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ