сабота, 27 јули 2024

Течен отров уфрлил во храна за да труе кучиња и предизвикал општа опасност

Неготинчанец заработи две кривични пријави затоа што на отворен простор оставил отров за да труе кучиња. Едно куче угинало, а можеле и луѓе да дојдат во допир со отровот.

Фото: П.Џ.

Објавено на

часот

Сподели

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинителен предлог против 62-годишен жител на Неготино за кривичните дела предизвикување општа опаснот и мачење животни.

„Обвинетиот, на 8 јануари 2023 година, на ул.Индустриска во Неготино, со намера да усмрти кучиња, истурил течен отров помешан со храна. Иако бил свесен дека на местото има голема раздвиженост на луѓе кои би можеле да дојдат во допир со отровот, тој свесно предизвикал значителна опасност“, појаснуваат од Обвинителството.

Оттаму додаваат дека отровот го консумирало куче, кај кое настанала интоксикација и кое угинало

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ