петок, 18 октомври 2024
Измените да се пријават до 31 мај, вели УЈП

Тече рокот за потврда или корекција на годишната даночна пријава за 2022

Објавено на

часот

Сподели

Посочуваат дека рокот за потврда или корекција на даночната пријава е 31 мај 2023 година и потенцираат дека по истекот на законскиот рок потврдените пријави  и пријавите кои ниту биле потврдени, ниту коригирани ќе се сметаат за конечни и ќе добијат таков статус, додека по коригираните даночни пријави ќе се одлучува во рок од 60 дена.

„Доколку службеното лице не ја одобри коригираната даночна пријава ќе се донесе решение за утврдување на данокот на личен доход за 2022 година. Кај обврзниците во чија ГДП се појавува обврска за доплата на данок, по добивањето на конечниот статус на ГДП (по 31 мај 2023), ќе се изгенерира налог за доплата , кој се наоѓа во самата даночна пријава, а кај обврзниците во чија ГДП се појавува повеќе платен данок, може да искажат барање за враќање  на данокот во самата пријава“, соопштија од УЈП.

Апелираат до граѓаните кои оствариле доход во земјата и странство во вид на пари, хартии од вредност, натура или друг вид, а се уште не се регистрирале на системот е-Персонален данок, истото да го сторат во најкраток можен рок имајќи ги предвид бројните придобивки на користењето на системот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ