сабота, 27 јули 2024

Teaтар комедија: Во сабота бесплатен влез за претставата „Череп во Конемара“

Театар Комедија е дел од иницијативата „Театрите поблиску до публиката“ на Министерството за културa во одбележувањето на Светскиот ден на театарот, по тој повод на 6 април (сабота) влезниците ќе бидат бесплатни за претставата „Череп во Конемара“ во режија на Јане Спасиќ. Изведбата е закажана во 20 часот.

Објавено на

часот

Сподели

Автор на текстот е Мартин Мекдона (1970), препознатлив по својот апсурдистички црн хумор во драмските текстови и во филмските остварувања. Пиесата „Череп во Конемара“ е дел од трилогијата „Линејн“ и првпат е поставена во 1997 година во Градскиот театар во Голвеј.

Дејството е сместено во рурално место во околината на градот Голвеј, во областа Конемара, каде што живеат навидум богоугодни и длабоко религиозни луѓе. Недолго по разменувањето на првите реплики, се открива дека, всушност, ликовите се неморални, лицемерни, злобни, а дека Конемара е место каде што владее безвластие, па и најситна кавга или зајадлив коментар може да поттикнат насилство, па дури и убиство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ