среда, 15 јануари 2025

Тажна вест: Ненадејно почина Александар Јовиќ

Ноќеска на 51 година ненадејно почина поранешниот македонски ракометен репрезентативец и тренер на РК Пролет, Александар Јовиќ.

Објавено на

часот

Сподели

Јовиќ е роден во Бјелина во Босна и Херцеговина, а најголемиот дел од играчката и тренерската кариера ги помина во Македонија, беше и македонски репрезентативец кој играше на СП 2009 и ЕП 2012.

Како ракометар играше за четири шампиони на Македонија, беше дел од составите на Јафа Промет, Вардар, Пелистер и Металург каде и ја заврши играчката кариера.

Како тренер почна во Металург 2, го водеше и првиот тим на Металург, потоа се пресели во Битола каде прво беше тренер на Еурофрам Пелистер 2, а потоа и на првиот тим на Еурофарм Пелистер со кој ја освои и титулата. Последната негова работа беше тренер на Пелистер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ