„Ги повикуваме граѓаните што наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ, да дојдат в сабота во подрачните канцеларии за управни работи низ државата, а за Скопје во подрачната единица на полициската станица Пролет, за да бидат фотографирани и навремено да им биде изработен личниот документ, со цел да можат да го остварат своето право на глас на претстојните избори“, се наведува во денешното соопштение од МВР.
Тазе полнолетните в сабота без термин ќе може да се сликаат за лични документи
Министерството за внатрешни работи в сабота, 6 април, од 8 до 15 часот ќе организира фотографирање за лични документи без закажан термин во подрачните канцеларии за управни работи низ земјава за граѓаните што наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ, ниту лична карта, ниту пасош. Фотографирањето за жителите на Скопје ќе биде во пунктот на полициската станица Пролет.
Објавено на
часот