сабота, 27 јули 2024

Тазе полнолетните денеска без термин ќе може да се сликаат за лични документи

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска во периодот до 8 до 15 часот ќе организира фотографирање за лични документи без закажан термин во подрачните канцеларии за управни работи низ државата, а за Скопје на пунктот во полициската станица Пролет за граѓаните кои наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ, ниту лична карта ниту пасош.

Објавено на

часот

Сподели

Од МВР ги повикуваат граѓаните кои наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ, да дојдат во сабота во подрачните канцеларии за управни работи низ државата, за да бидат фотографирани и навремено да им биде изработен личниот документ, со цел да можат да го остварат своето право на глас на претстојните избори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ