петок, 18 октомври 2024
Ново поврзување помеѓу Норвешка и Македонија

ТАВ отвори сезонска авиолинија за посета на земјата на фјордовите

Објавено на

часот

Сподели

„Со новата авиолинија на авиокомпанијата Норвежијан ќе им овозможиме на македонските патници да ја посетат земјата на прекрасните фјордови и поларната светлина. Покрај ова тие ќе можат да ја користат мрежата на оваа авиокомпанија за да патуваат низ цела Скандинавија и пошироко. Стартуваме сезонски но се надеваме дека ова ќе прерасне во редовна авиолинија затоа што веруваме во потенцијалот на оваа соработка“, рече на промоцијата генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт.

Капетанот на компанијата Норвежијан, Мариене Лиен кажа дека на летовите Осло-Скопје се добредојдени сите љубители на историскиот град Осло и дека очекуваат годинава да донесат многу туристи од Норвешка во Македонија.

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски посочи дека промовирањето на новата авиолинија е продолжување на успешната политика на развојот на цивилното воздухопловство.

„Во континуитет обезбедуваме  нови дестинации за граѓаните но и работиме на раст и развој на туризмот и домашната економија. Ова е само продолжување на успешните политики кои ги реализираме со ТАВ. Уверен сум дека со ова ќе отвориме нови перспективи помеѓу двата народи затоа што само во првите шест месеци од 2023 година за 44 отсто е зголемен бројот напатници споредно со 2022 година истото време“, рече Бочварски.

Новата авиолинија Осло-Скопје ќе сообраќа двапати неделно, понеделник и петок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ