сабота, 21 декември 2024

ТАВ Македонија донираше храна во пунктот за бедзомници Момин поток

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, денеска донираше свежо подготвени оброци на пунктот за бездомници Момин Поток при Црвен Крст на Град Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Донацијата наречена „ТАВ готви“, којашто опфаќа и волонтерска помош од вработените на ТАВ, се состои од 110 свежо приготвени хранливи оброци кои, како што информира компанјата – имаат за цел да обезбедат топлина, вкусна храна и комфор на луѓето на кои тоа им е потребно во празничниот период.

„Во ТАВ Аеродроми, веруваме во моќта на враќањето на заедницата, а има ли подобро време за тоа од периодот пред да ја пречекаме Новата година, кога многумина од нас се потсетуваат на минатото и се радуваме на подобра иднина. Оваа донација е мал знак на внимание од нас со кој покажуваме колку ја цениме заедницата и нашата желба никој да не остане без храна на преминот кон новата година“, изјави Неџат Курт, генералниот директор на ТАВ Македонија.

Ова е втора донација на топли оброци оваа година од ТАВ Македонија за пунктот за бездомници Момин Поток, подготвена од БТА Македонија, сестринска компанија на ТАВ Македонија одговорна за храна и пијалаци на Меѓународниот аеродром Скопје.

„Замислата на оваа активност од областа на корпоративната општествена одговорност од страна на ТАВ Аеродроми е обезбедување на бездомните лица со основни хранливи оброци во нивната борба за справување со предизвиците на бездомништвото. Пунктот, кој ја опслужува локалната заедница речиси 15 години и натаму продолжува да биде клучен ресурс за луѓето кои имаат потреба за засолниште, оброци и чувство на надеж“, информираат од ТАВ Македонија.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ